X
 10.06.2019 Живот

Град во Јапонија нуди „телефон за тага“

Во градот Оцучи во Јапонија каде 2.000 луѓе исчезнале во цунамито што во 2011 година ја погоди Јапонија, е поставен „телефон за тага“, што им помага на луѓето да разговараат со оние кои повеќе ги нема.

Еден жител дошол на идеја откако изгубил роднина во 2011 година, па сакал во својата градина да постави стара телефонска говорница со апарат каков што денес повеќе не се користи. Кога му недостигал и бил тажен, тој го вртел неговиот телефонски број и „разговарал“ и зборувал во слушалката, а неговите зборови ги носел ветерот.

Откако цунамито го погодил градот, ваквата пракса на жалење се проширила, па многу Јапонци денес го посетуваат овој град и го вртат бројот на своите најмили и зборуваат, а зборовите ги носи ветерот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот