X
 02.06.2016 Технологија

Наскоро пристигнува уред за безжично полнење на телефон

Се претпоставува дека ајфон 7 ќе биде прилагоден за безжично полнење на батеријата, но новиот изум на компанијата „Mophie“ ќе може безжично да ги полни и старите модели како ајфон 6.


Уредот „Juice pack wireless“ претставува чекор напред во однос на класичните уреди за полнење на батеријата на паметните телефони. Тој го продолжува траењето на батеријата за 50% и овозможува безжично полнење. Цената на уредот се движи од 100 до 130 долари.

На уредот се наоѓаат магнети кои безбедно го прицврстуваат телефонот вертикално или хоризонтално. Уредите за безжично полнење на оваа компанија ќе бидат достапни и за корисниците на „Самсунг галакси С7“.

Инаку, системот на безжично полнење е познат од порано, но никогаш не започнал да се употребува пошироко.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија