Авион на „Остријан ерлајнс“ вчера влетал во невреме со град, при што претрпел големо оштетување и изгубил дел од носот.
Од авиокомпанијата истакнаа дека летот OS434 влетал во невреме со град на пат од Палма де Мајорка, Шпанија, до Виена, Австрија. Авионот на аеродромот во Виена стасал со разбиени предни стакла и уништен нос.
- Мислам дека бевме околу 20 минути пред слетување кога влеговме во облак и почнаа турбуленции - истакна патничката Емели Оукли.
Таа додаде дека патниците ги слушале звуците на бурата.
Инцидентот се случил над Хартберг, Австрија, кој е оддалечен околу 150 километри од Виена, на висина од околу 6.000 метри. И покрај оштетувањето, авионот успешно слетал.
Според патниците, минувањето низ бурата траело околу две минути. Нема повредени патници.
Фото: X