X
 10.07.2021 Спорт

Намибиски спринтерки нема да учествуваат на олимписка трка бидејќи имаат високо ниво на тестостерон

Намибиската тинејџерка Кристин Мбома, која го срушила 30-годишниот светски рекорд во спринт на 400 метри, нема да учествува на Олимписките игри во Токио бидејќи има високо ниво на тестостерон.

Мбома, која има 18 години, истрчала 400 метри за 48,54 секунди. Ова е седмо најбрзо време меѓу жените во историјата. Затоа од неа се очекувало да се натпреварува за злато во Токио.

Но националниот олимписки комитет на Намибија потврдил дека Мбома и спринтерката Беатрис Масилиниги нема да може да учествуваат во Токио поради правилатa на Меѓународната асоцијација на атлетски федерации. Тестирања покажале дека природното ниво на тестостерон во телото на двете атлетичарки е поголемо од дозволеното.



Од комитетот изјавиле дека ниту една од атлетичарите не била свесна за својата состојба, како ни нивните семејства и тренери.

Двете спринтерки ќе може да се натпреваруваат во трките за 100 метри и 200 метри. Меѓународната асоцијација на атлетски федерации им забранува учество на трките од 400 метри до една милја на атлетичарките со високо ниво на тестостерон бидејќи им дава неправедна предност, според организацијата.

Од нив се бара вештачки да го намалат нивото на тестостерон за да учествуваат во овие трки. Тие може да го сторат тоа со лекови или операција.

Извор: BBC
Фото: Twitter
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт