X
 10.09.2018 Образование

Бруцошите можат да аплицираат за сместување во „Гоце“, техничкиот проблем е надминат

Надминат е техничкиот проблем поради кој бруцоши не можеа да аплицираат за сместување во Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. Неколку дена нови студенти не можеа да го изберат овој студентски дом како опција.

Според конкурсот за сместување што го распиша Министерството за образование и наука, 120 бруцоши можат да се сместат во овој студентски дом. Документите треба да ги достават најдоцна до 14 септември.

фото: Колектиф прес


Подготвил: С.Ѓ.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование