X
 10.09.2019 Живот

Новица Коцев: И сега имаш задача - да бидеш човек

Некогаш, мама и тато ти велеле дека има поголеми проблеми од четворката по математика и изгребаното колено по играта со маалските другарчиња. Некогаш, мама и тато ти овозможиле сè, не ти недостигало ништо, а сепак си мислел дека има многу повеќе што треба или барем би сакал да го имаш. Некогаш мама и тато биле будни цела ноќ, иако срцето им плачело за спиење, само за да бидат покрај тебе кога ќе се разбудиш среде ноќ поради пролетната настинка. Мама и тато, некогаш, правеле возможно од секоја, навидум, невозможна (не)прилика. Давале душа и ставале рака в оган за тебе. И секогаш биле во право. Секогаш. И секогаш наоѓале пари за да одиш на училишната екскурзија, само за да не те одвојат од другарчињата. И секогаш наоѓале понекоја стуткана банкнота за да си купиш појадок на големиот одмор. И плус те бакнувале в чело за убав ден. И плус, секогаш те пречекувале со насмевка. Велам, секогаш.

Ова е извадок од книгата „Болка со рок на траење“ на Новица Коцев, која е во изработка. Има 25 години и е дипломиран новинар по професија.

Прочитајте повеќе на Деца.мк.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот