X
 10.09.2020 Живот

Зошто некои луѓе постојано се интересираат за туѓите животи и ги осудуваат сите околу себе?

Кога зборуваме за критикување на луѓето, постојат два вида, велат психолозите. Еден вид ни е природно вроден, инстинкт што секој човек го има, а вториот е кога го правиме тоа свесно, секој ден, барајќи го во луѓето само најлошото.

Сигурно некогаш сте се фатиле себеси како критикувате некоја личност и создавате мислење за неа базирано на една ситуација. Овој пример одлично го покажува тоа:

Замислете дека одите на семеен одмор и додека чекате на аеродром, забележувате жена со мало дете. Детето е немирно и прави хаос на терминалот. Првата мисла што ќе ви дојде на памет е дека мајката нема авторитет да си го контролира детето. Тогаш забележувате дека облеката на детето е валкана и дека му е мала. Вие ова сѐ уште не го сфаќате, но веќе сте ги забележале сите недостатоци кај овие луѓе. И сега се прашувате како воопшто можат да се возат во авион ако немаат доволно пари ни за облека.

Дали сфаќате колку е лесно да почнете со осудување на другите луѓе? Не сте ја ни запознале оваа жена и не знаете ништо за нејзиниот живот, но тоа не ве спречи да донесувате заклучок врз основа на она што сте го виделе и што сте поминале неколку минути заедно на истиот терминал.

Критикувањето на другите е многу лесно, а повеќето луѓе воопшто не сфаќаат дека го прават. Ова е својствено за сите луѓе, тоа се вродени инстинкти за преживување. Токму тие инстинкти ни помагаат да бидеме будни и подготвени да се браниме во која било ситуација. Ова е единствениот пример за кој психолозите наоѓаат оправдување за критикување на другите.

Од друга страна, постојат луѓе што свесно ги критикуваат другите и го бараат само најлошото кај нив. Во тој случај, проблемот се крие длабоко во нив. Проблеми поврзани со длабока несреќа, недостиг на самодоверба или едноставно повеќе слободно време.

Ниедна исполнета и среќна личност не се занимава со туѓите животи. Тоа го прават само оние што не успеале да го организираат сопствениот живот, па полесно им е да ги критикуваат другите за да го заборават хаосот што владее во нивниот живот.

Во суштина, овие луѓе во себе кријат големи фрустрации и незадоволство. Кога ги озборуваат другите, тоа го прават за да се чувствуваат подобро. Кога луѓето се незадоволни, во другите пронаоѓаат маани убедувајќи се себеси дека се подобри. По некое време осудувањето станува навика и дел од животот, а тоа сигурно води кон уште подлабоко чувство на незадоволство.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот