X
 17.09.2025 Живот

За да уништите една нација, треба да го уништите образованието и да го контролирате умот на новите генерации, вели психолог

Ако сакате да уништите држава, нација, генерација, иднина и психа, треба да направите три работи: 

Да им дозволите пристап до сите најстрашни можни убиства, токму ова што ни се случува сега. Зошто? Престанува емпатијата како форма на комуникација, децата се навикнуваат на злото, на крвта, на убиствата и стануваат мали психопати, затоа што имаме сѐ поголем раст на психопати во основните училишта.

Втора работа со која можете да уништите еден народ е уништување на образованието, така што ќе дозволите луѓето без знаење да заземат одредени функции и да работат, да немате повеќе критериуми, да се форсира само диплома купена на пазар, да се занемарат сите други можности за работа на себе и добивате необразовани луѓе без критичко размислување кои користат „Чет-ГПТ“ и кај кои апсолутно невролошки пропаѓа мозочната маса.

Зошто? Повеќе не помниме броеви на телефони, приказни, не се сеќаваме на главните градови, не играме географија, затоа што сето тоа го имаме на „Чет-ГПТ“. Мозокот не се развива, атрофира, седиме и гледаме телевизија. Не правиме ништо друго. Цивилизациски тонеме затоа што не го користиме тој ресурс.

Трета работа со која ќе се уништат народите е експлицитно прикажување сексуални сцени до најситни детали во секоја серија на „Нетфликс“, филм или каде било. Зошто е ова сега важно? Затоа што поради отвореноста на прикажувањето, поради тоа како луѓето го доживуваат, имаме, и ова одговорно го тврдам како психолог, сѐ поголем број проблеми со либидото и потенцијата, значи сѐ поголем број неможности за зачнување, сѐ поголем број на луѓе со импотенција, сѐ поголема неможност за остварување блискост - вели српскиот психолог Јасна Барјактаревиќ.


Извор: Facebook
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот