Одлични вести доаѓаат од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Првиот уписен рок за академската 2025/2026 година донесе значителен раст на бројот на пријавени студенти на вториот и третиот циклус студии – резултат што зборува за зајакнатиот академски углед и довербата во УКЛО како модерен, европски ориентиран универзитет.
Минатата година беше забележан пораст од 14 % на втор циклус, додека годинава растот продолжува и кај двата циклуса. Овој позитивен тренд го истакнува успехот на сите академски единици на УКЛО и потврдува дека напредните студии добиваат сè поголемо внимание и вреднување. „Иако магистерските и докторските студии се помалку присутни во медиумите, тие се еднакво важни за академскиот и општествениот развој како и првиот циклус. Тие се клучни за создавање кадар способен да одговори на комплексните предизвици на времето“, изјави ректорот, проф. д-р Игор Неделковски.
Универзитетот продолжува со афирмативни активности во пресрет на следните уписни рокови до крајот на годинава. Интересот за магистерски, специјалистички и докторски програми е во пораст, а ваквиот тренд го поддржува и зголеменото вмрежување на УКЛО со европски академски институции преку Алијансата
КОЛОРС. Преку оваа европска платформа, студентите на УКЛО имаат уникатна можност да се поврзат со универзитети низ Европа, да учествуваат во интернационални истражувачки проекти, да развиваат интердисциплинарни вештини и да се подготват за професионални предизвици на глобално ниво. Европските врати се широко отворени, а УКЛО ги прави достапни за своите студенти.
Уписите на УКЛО продолжуваат со
втор уписен рок 21.10.2025. Пораката до сите заинтересирани е - да ги искористат
можностите што ги нуди УКЛО – Универзитет со визија, традиција и силни европски врски.
Вториот и третиот циклус студии се повеќе од надградба – тие се пат кон истражувачко и научно лидерство. УКЛО нуди средина во која се охрабрува креативноста, аналитичкото размислување и решавањето на реални проблеми преку наука и истражување.
(Комерцијална објава)