X
 19.03.2017 Образование

Запознајте го најдобриот професор по географија на Балканот

geografija
Фото: Profimedia

Дали можете да замислите колку би биле забавни и поучни часовите по географија доколку на училиште би можеле да гледате јавувања од земјите за кои учиме и на тој начин да дознаете интересни факти за културите ширум светот?

Дејан Немчиќ, млад професор по географија во основното училиште браќа Радиќ во Ботинец, Загреб го прави токму тоа, а неговиот проект е навистина фасцинантен.

1

Тој на своите ученици преку Скајп им овозможува да гледаат јавувања во живо од градови за кои учат, а во текот на јавувањата тие можат да им постават прашања на оние кои се јавуваат во тој момент.

Како настанала идејата?

„Идејата ја добив пред 5 години. Како студент по географија навистина патував низ светот, и имав голема желба сите тие држави да им ги донесам „во живо“ на учениците за време на часот. Размислував како би можел да го реализирам тоа и дојдов до идеја да им се јавам на пријателите кои ги запознав на патувањата, како и на нашите иселеници. Го разработив проектот до детали и започнав со такви јавувања за време на часовите по географија. Проектот го нареков „Во живо од сите континенти“, а тој вклучува предавање во живо од државите и градовите кои се обработуваат на часот по географија.

Учениците ги обожаваат овие предавања

Учениците со воодушевување ја прифаќаат оваа форма на настава, полесно учат и го помнат материјалот. Проектот доживеа голем успех, прифатен е како нова форма на учење кој досега не се користел во наставата. Голем број хрватски училишта биле заинтересирани за овој проект, бидејќи е одличен начин за учење на државите на нивните родители и баби и дедовци.

2

Кој ги следи Скајп предавањата?

Моите предавања воглавно ги гледаат моите ученици од петто до осмо одделение. Често доаѓаат и наставници кои немаат часови и можат да го следат јавувањето во живо од различни континенти“.

Што учениците досега имале можност да видат?

Имавме јавувања во живо од сите седум континенти. Најтешко беше да организирам предавање од Антарктикот бидејќи таму нема постојани жители. Првото јавување во живо беше од Дубаи и некако тоа предавање ни остана најмногу во сеќавањата. Интересни предавање имавме од Колумбија, Канада, Ирска, Бразил, Аргентина, Чиле, Јапонија, Австралија, Индија, Кина како и предавања од Африка (Руанда, Кенија и Танзанија).

Кој всушност ги обработува Скајп предавањата?

Предавањата во живо ги држат моите пријатели - ние обработуваме одреден град во светот. Ако го обработуваме Њујорк и Америка, нашиот предавач чека преку Скајп технологија и мобилен во Њујорк и тогаш патува и оди низ градот и ги прикажува градбите, занимливостите и моите ученици може да ги прашуваат луѓето на улица.

3

Една занимливост која секогаш ја помнам е предавањто од Република Јужна Африка за учениците од шесто одделение. Во текот на обработката на наставната единица „Туризам во Африка“ се обработува поимот сафари. Им се јавив на пријателите во Африка и ги замолив да одат во еден национален парк и во живо да прикажат како изгледа сафари и разгледување на животните. Кога отидоа таму, ги снимаа животните во живо кои ние ги гледавме на час. Во еден момент дојдоа до лавот кој спиеше. Моите ученици започнаа да викаат од возбуда и во тој момент го пробудија лавот. Тоа е момент и воодушевување кое ќе го помниме цел живот. До ден денес се присетуваме на тоа и уживаме во тој момент кој го доживеавме веројатно само еднаш во животот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование