X
 10.11.2018 Технологија

Кинезите добија презентер на вести што никогаш не спие

Кинеската државна новинска агенција „Синхуа“ претстави нов презентер на вести кој ќе ги соопштува најважните глобални вести. И веста не би била толку интересна доколку презентерот беше човек. Во овој случај зборуваме за вештачка интелигенција (АИ), односно за робот.

Компанијата ги создаде овие „АИ спикери“ од дигитални композити од вистинските спикери и им даде синтетизирани гласови за да ги соопштуваат вестите. Освен овие детали, агенцијата ја држи во тајност технологијата користена за оживување на овој спикер.

По внимателно гледање на видеото неколку пати, гледачите може да забележат неколку недостатоци кај АИ-системот. Во еден момент изгледа како само една страна од устата да се движи. Фацијалните експресии се ограничени, но тоа не секогаш е нешто лошо кога станува збор за соопштување вести од страна на спикери.

Една од најдобрите работи да се има АИ-спикер? Тој не спие, велат од новинската агенција.

Според агенцијата, „тој“ станал дел од известувачкиот тим и може да работи 24 часа дневно на официјалната веб-страница и различни социјални медиуми, намалувајќи ги трошоците за продукција на вести и подобрувајќи ја ефикасноста.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија