X
 10.11.2021 Култура

Студенти преведоа помалку познати текстови од Достоевски, може да ги читате онлајн

Катедрата за славистика на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ и Рускиот центар при УКИМ во периодот од 11 до 16 ноември организираат ред настани по повод 200 години од раѓањето на еден од најпознатите руски писатели од 19 век - Фјодор Михајлович Достоевски.

Од Рускиот центар при УКИМ соопштија дека одбележувањето на јубилејот ќе започне утре (11 ноември), во 11 часот, со промоција на збирката студентски преводи „Проект Достоевски: 200 години“. Овој зборник е резултат на еден од најновите проекти на Катедрата за славистика и вклучува преводи на помалку познати текстови на писателот направени од студентите на катедрата со помош на наставниот кадар. Зборникот е бесплатно достапен на линкот: https://bit.ly/3BTzIFG.

Истиот ден, по промоцијата на зборникот, ќе се одржи проекција на видеото „Ракописот на Достоевски“ на Московското калиграфско училиште и ќе биде прикажана видеоекскурзија „Москва на Достоевски“. Двете видеа се на руски јазик, а се преведени на македонски исто така од страна на студентите на Катедрата за славистика.

- На 12 ноември, во 19:30 часот, Рускиот центар при УКИМ организира тркалезна маса на тема „Достоевски и современоста низ призмата на индивидуалниот и општествен морал“. За моралните дилеми во делата на писателот и како тие се рефлектираат на современата реалност ќе зборуваат: проф. д-р Мишел Павловски и проф. д-р Лорета Георгиевска од Институтот за македонска литература, проф. д-р Милан Ѓорѓевиќ од Богословскиот факултет, и Кирил Минанов, писател и активист. Кругот на активностите посветени на јубилејот на Достоевски на 16 ноември (во 12 часот) ќе го затвори предавањето „Ф.М. Достоевски: рецепција на творештвото и пророчки идеи“. Предавањето, кое ќе биде на руски јазик, ќе го одржи д-р Људмила Хворова, професор на Факултетот за филологија и новинарство на Тамбовскиот државен универзитет „Г.Р. Державин“ во Русија. Ваквите гостувања на професори од водечките руски универзитети редовно се спроведуваат од страна на Катедрата за славистика во рамките на нејзината активна меѓународна соработка - се наведува во соопштението.

Сите настани се од отворен тип и ќе бидат организирани на платформата „Зум“ на следниов линк:

https://us02web.zoom.us/j/8334083242...

Personal Meeting ID: 8334083242

Passcode: 0ZDKCC

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура