X
 10.11.2022 Живот

Германски текстилен гигант воведува опција за четиридневна работна недела

Познатиот германски произведувач на облека „Гери Вебер“ им овозможува на вработените во иднина сами да одлучат дали ќе работат четири или пет дена во седмицата.

- Храброста и довербата секогаш се добри, во тоа сум убедена - изјави директорката на компанијата, Анџелика Шиндлер-Обенхаус.

Според неа, тој модел е исплатлив за компаниите и за вработените.

- Работниците имаат свои потреби кои може да се сменат во зависност од животната ситуација. Колку се пофлексибилни условите на работодавците, толку повеќе може да им се излезе во пресрет на потребите на работниците - додаде таа.

Таа наведе и дека на тој начин на вработените им се дава автономија и одговорност.

- Тие тоа го гледаат како признание, а тоа придонесува за поголема мотивација и лојалност - објасни Шиндлер-Обенхаус.

„Гери Вебер“ работи на тоа да стане атрактивен работодавец во земјата. Шиндлер-Обенхаус смета дека на Германија ѝ е потребен ваков модел во време на недостиг на стручна работна сила.

Извор: Ekapija
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот