Цела Шри Ланка остана без струја во неделата, а за тоа бил виновен мајмун.
- Мајмунот дошол во контакт со трансформаторот во нашата мрежа, што предизвикало нерамнотежа во системот - изјави министерот за енергетика на Шри Ланка, Кумара Џајакоди, објаснувајќи го причинителот на неочекуваниот тотален прекин на електричната енергија. Инцидентот се случил околу 11 часот во неделата, во трафостаница јужно од главниот град Коломбо.
По прекинот, струјата постепено се враќала низ земјата, при што приоритет им бил даден на болниците и објектите за прочистување вода.
Додека многумина се потпирале на генератори, на социјалните мрежи се појавиле многу коментари.
- Непослушен мајмун ја урна целата електроенергетска мрежа на Шри Ланка поради дефект што го предизвика во трафостаницата во Коломбо - напишал твитер-корисник.
Други ја критикуваа инфраструктурата на државата, истакнувајќи дека е време за нејзина модернизација.
- Само во Шри Ланка тепачка меѓу мајмуни во електрана може да предизвика прекин на струја на целиот остров - напиша новинарката Џамила Хусеин, главна уредничка на локалниот весник „Дејли мирор“.
Локалните медиуми известуваат дека експертите со години предупредуваат на слабостите во електроенергетската мрежа на Шри Ланка.
- Националната електромрежа е во толку лоша состојба, што секое мало нарушување може да предизвика прекин на струја низ целиот остров - изјава неименуван инженер.
Шри Ланка во 2022 година се соочуваше со редовни прекини на струја, но не поради мајмуни, туку поради економската криза.
Извор:
ВВС
Фото: Freepik