X
 11.02.2025 Наша тема

Вашата можност за студирање: Универзитетот во Нова Горица, Словенија

Доколку размислувате за студирање во странство, Словенија е одлична дестинација која нуди висококвалитетни студии, европска диплома и многу други предности што произлегуваат од студентскиот статус.



Еден од најуникатните универзитети во Словенија, кој им нуди на своите студенти можност да извлечат најмногу од своите студии, е малиот, бутиков универзитет – Универзитетот во Нова Горица. Тој е интернационално ориентиран универзитет кој се наоѓа во Западна Словенија, на границата со Италија. Градот Нова Горица е навистина извонредно место за студирање бидејќи заедно со соседниот италијански град Гориција формира една заедничка, безгранична конурбација и дури делат заеднички плоштад. Нова Горица и Гориција се првата прекугранична европска престолнина на културата во 2025 година, што дефинитивно значи многу активности и настани за студентите.

Универзитетот во Нова Горица беше основан во 1995 година, што значи дека во 2025 година ја слави својата 30-годишнина. Тој се состои од седум факултети кои нудат 7 додипломски, 9 магистерски и 8 докторски студиски програми кои ги опфаќаат природните науки, инженерството, менаџментот, биотехничките науки, хуманитарните науки и уметноста. Додипломските студиски програми траат 3 години, магистерските 2 години, а докторските 4 години. Секоја од нив е ECTS-акредитирана.



Висококвалитетни студии и индивидуален пристап


Главната предност на студирањето на нашиот универзитет е дефинитивно индивидуалниот пристап кон нашите студенти. Универзитетот е релативно мал и студирањето се одвива во мали групи - студентот никогаш не е „само број“. Блискиот однос меѓу професорите и студентите, благодарение на малите групи, овозможува професорите да ги запознаат сите свои студенти, да го следат нивниот напредок и да ги насочуваат кон активности што ги развиваат нивните таленти. Практично ориентираните студии се уште една причина за голем број млади потенцијални студенти од Словенија и странство да го изберат нашиот универзитет. Повеќето од нашите студиски програми, вклучително и додипломските, имаат практични стажирања, работа на проекти, работа на терен и др., преку кои студентите се стекнуваат со искуство, разни дополнителни меки вештини, како и со контакти со потенцијални работодавци.
Универзитетот во Нова Горица е особено познат по своите најсовремени истражувачки достигнувања, a нашата современа опрема за истражување им е достапна и на студентите кои сакаат да се вклучат во светот на науката и да го искористат максимумот од своите студии. Исто така, голема предност е тоа што сите истражувачки центри и лаборатории на универзитетот се наоѓаат во објектите на самите факултети, па така сите лабораториски вежби кои се дел од студиските програми се одвиваат овде. Реномирани научници кои доаѓаат од целиот свет ги учат студентите и можат да учествуваат во интересни проекти заедно со партнерите на универзитетот – познати меѓународни научни соработувања.
Една од најинтересните можности за студентите да ја користат истражувачката опрема е да учествуваат во некомерцијалниот едукативен астрофизички проект GoChile (https://gochile.si/). Преку овој проект студентите можат да учествуваат во бесплатни астрономски набљудувања на небото со далечинско управување со роботскиот телескоп GoChile во Чиле, Јужна Америка, кој таму беше инсталиран од Универзитетот во Нова Горица и соработничкото астрономско списание „Спика".



Фото: Архива на GoChile Телескопот GoChile, лоциран во Чиле, Јужна Америка

Бесплатни студии и други предности на студирањето на Универзитетот во Нова Горица

Како резултат на меѓудржавните договори помеѓу Северна Македонија и Словенија, македонските државјани се ослободени од плаќање школарина за редовни додипломскии и магистерски студиски програми кои се кофинансирани од државата. Единствениот трошок е таканаречниот уписен трошок од 15 евра по академска година, кој ги покрива административните трошоци, како што е издавање студентска картичка за идентификација и друго.
За упис не се потребни приемни испити, критериумите за запишување на додипломски студии се засноваат на општото достигнување од матурата/завршниот испит од средното образование, како и просечната оценка од трета и четврта година. Само кандидатите за Академија за уметности треба да го положат таканаречениот тест за способност, но тоа може да го направат преку интернет (CV, портфолио, интервју). Кандидатите не мора да имаат претходно познавање на словенечкиот јазик, иако тоа е добредојдено. На располагање им е и бесплатен курс за словенечки јазик како изборен предмет на многу студиски програми.
Освен тоа, Фондацијата на Универзитетот во Нова Горица секоја година на своите студенти им нуди разновидни стипендии – стипендии за талентирани студенти, стипендии за одбрани магистерски студии и стипендии за студенти спортисти. Нашиот универзитет е всушност познат во Словенија и во странство како исклучително спортски пријателски универзитет бидејќи на спортистите им нуди специјално приспособени студиски режими и формален статус на студент спортист, што им овозможува да ги комбинираат своите спортски кариери и студии, па дури и да аплицираат за стипендии.
Друга предност на нашиот универзитет е и фактот дека студентите можат да учествуваат во меѓународни размени – како за студирање, така и за пракса – што е одличен начин за стекнување дополнително знаење, интернационално искуство и нови пријателства. Освен Еразмус+ и другите програми за мобилност, постојат и други интересни опции за стекнување нови знаења во странство, како што се летните школи во рамките на мрежата ACROSS – мрежа од различни европски универзитети, чиј член е и Универзитетот во Нова Горица. Меѓународните студенти не треба да се грижат за нивното почетно познавање на словенечкиот јазик – на нашиот универзитет од кандидатите не се бара да имаат претходно знаење на словенечкиот јазик, иако тоа е добредојдено. Новиот Јазичен центар на универзитетот нуди бесплатни курсеви по словенечки јазик за нив и програма Leto+/Year+ за интензивно учење словенечки јазик.
Други бенефиции за студентите се: пристапни цени за сместување во нашиот регион, студентски оброци кофинансирани од државата, други студентски попусти, можности за студентска работа и великодушноста на Општината Нова Горица во обезбедување бесплатен локален градски превоз за сите – нашиот регион привлекува сè повеќе и повеќе странски студенти да студираат овде.


Фото: Архива на Уна Савиќ: Студенти и нивниот професор на летната школа „Обновливите граници: Енергетскиот пејзаж во европските гранични земји“ во Кемниц, Германија (ACROSS University Network)
Како да аплицирате?

Постапката за аплицирање е лесна и кандидатите се пријавуваат преку интернет, преку националниот онлајн систем за аплицирање наречен eVŠ. Во роковите за аплицирање тие треба да го пополнат формуларот за аплицирање преку интернет, а сите потребни документи да ги достават подоцна. Линкот до формуларот за аплицирање eVŠ може да се најде, исто така, на веб-страницата на Универзитетот, а нашата студентска канцеларија (studentska.pisarna@ung.si), доколку е потребно, може да им помогне на кандидатите да го пополнат. Со оглед на тоа штo целата процедура за аплицирање е лесна за спроведување и бидејќи формуларите се достапни на англиски јазик, на кандидатите не им е потребна надворешна помош од агенции кои се плаќаат.
Универзитетот во Нова Горица има три повици за аплицирање за граѓани од земји кои не се членки на ЕУ, плус последниот повик за пополнување слободни места. Првиот повик за запишување во академската 2025/2026 година ќе биде отворен од 18 февруари до 18 март 2025 година, вториот од 1 април до 1 јули 2025 година, третиот од 1 август до 1 септември 2025 година и последниот повик за пополнување на слободни места од 10 до 25 септември 2025 година.
За запишување во академската 2025/2026 година имаме 10 % места на располагање за редовни студенти од земји кои не се дел од Европската Унија (во зависност од студиската програма). Но доколку има слободни места во ЕУ-квотите, студентите од земји кои не се членки на ЕУ можат да ги преземат и тие места.


Фото: Вероника Пичинини: Ден за ориентација за нови студенти

Покана до сите потенцијални студенти од Северна Македонија

Висококвалитетните студии, индивидуалниот пристап кон студентите и уникатната локација на универзитетот – покрај културно-богатата гранична линија помеѓу Словенија и Италија, ги привлекуваат студентите да студираат овде. Мило ни е што македонските студенти уживаат во својот период на студирање во Нова Горица и дефинитивно за нас е достигнување да слушнеме од работодавците на нашите дипломци кои нашле работни места во нивните родни земји дека ги имаат сите потребни знаења и вештини и дека на тој начин можат да придонесат и за развој на нивната татковина. Затоа, со задоволство покануваме уште повеќе потенцијални студенти од Северна Македонија да ни се придружат и да ги развијат своите силни страни и таленти во нашиот студентско-пријателски универзитет.
Последно, но не и најмалку важно, Словенија е исто така една од најбезбедните и најчистите земји во светот, со високи стандарди на социјална и студентска благосостојба, во што студентите можат да уживаат.
Сите потенцијални студенти се поканети и топло добредојдени на нашиот онлајн информативен ден за македонските кандидати, кој ќе биде организиран на 17 февруари 2025 година. Регистрирајте се овде за да учествувате. Исто така, ве покануваме да присуствувате на информативните денови на нашите факултети, а програмата на презентации можете да ја погледнете овде.

Студентски сведоштва:

Здраво на сите! Јас сум Наталија Златанова од Македонија и со вас сакам да го споделам моето искуство на Факултетот за инженерство и менаџмент при Универзитетот во Нова Горица. За универзитетот првпат слушнав уште во средно училиште, за време на една од нивните презентации. Искрено, тогаш не ни размислував дека еден ден ќе завршам овде, но денес можам да кажам дека тоа беше една од најдобрите одлуки што сум ги донела. Она што го прави овој факултет толку посебен е што не се фокусира само на една област – туку нуди комбинација на инженерство и менаџмент, што отвора врати кон свет полн со можности. По дипломирањето можете да му се придружите на корпоративниот свет и да градите кариера во менаџментот или да се посветите на електроинженерството. Со мал број студенти, нашите професори навистина имаат време да му се посветат на секој од нас, помагајќи ни да ги совладаме предизвиците што ги носи студирањето. Освен академските предности, имаме и извонреден Студентски совет, каде што можете активно да се вклучите во универзитетскиот живот. Уште еден интересен аспект е што имаме супер корисни тутори - искусни студенти од втората година натаму, кои им нудат поддршка на новите и на меѓународните студенти кои се соочуваат со јазични и академски бариери. Една од најголемите причини што ја избрав Словенија е фактот што овде образованието за студентите од Македонија е бесплатно. Воедно морам да ја споменам и природата на Словенија, која е апсолутно впечатлива. Словенија нуди сè, од море до планини, од волшебни места како езерото Блед до импресивни пештери. Она што е уште подобро е што нашиот универзитет се наоѓа на чекор од Италија, така што спонтаните патувања преку границата се лесни и достапни. Затоа, ако размислувате за вашата следна академска авантура, топло ве поканувам да ни се придружите на Универзитетот во Нова Горица!


Фото: Архива на Наталија Златанова

Автор: Вероника Пичинини


Насловна фотографија: Миха Годец/ Еден од универзитетските кампуси – замокот Лантиери во Випава.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема