X
 10.03.2015 Образование

Момчето со генијален метод за добивање бесплатно образование

28-годишниот Гијом Дума е жесток критичар на системот за високо образование. За да покаже дека универзитетите ги елиминираат луѓето кои не можат да си дозволат да студираат, тој поминал 4 долги години како академик.


Тој доаѓал на кампусите низ Северна Америка, присуствувал на предавања и семинари бесплатно, како нерегистриран студент. Иако не добил диплома на крајот, тој го искористил образованието за да основа успешен бизнис во Монтреал.

Дума доаѓа од Квебек. Тој вели дека првпат започнал да посетува кампуси бидејќи му било забавно. Неговите родители воопшто не сакале тој да оди на факултет. Дума имал други идеи. Тој се пријавил за студии на колеџот „La salle“ и бил примен. Иако започнал со студиите како и повеќето, на 18 години, наскоро станал несигурен за неговиот живот. Тој сакал психологија, физика и филозофија, па не можел да се одлучи што да студира.


Тој трошел 4.000 долари годишно на своето образование, што мислел дека е голема штета. Затоа, се откажал од колеџот и започнал да присуствува на некои предавања на универзитетот во близина. Кога видел дека му оди лесно, започнал да штеди за да патува во САД, кадешто одел на предавања на „Јејл“, „Браун“, „Беркли“ и „Стенфорд“.

Во меѓувреме работел со половина работно време. Тој бил и вклучен во социјалниот живот на студентите и се дружел со „колегите“.





Иако започнал да го прави тоа од забава, наскоро започнал да присуствува на предавањата како протест. Тој бил фрустриран од фактот дека образованието било достапно за оние кои можеле да си го дозволат тоа, наместо да биде бесплатно и достапно за сите.

Дума нема диплома денес, но не жали за тоа што го правел последните четири години.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование