X
 11.02.2026 Живот

Најскапата приватна куќа се наоѓа во една од најевтините земји во светот

„Антилија“, облакодер од 27 ката, со површина од 37.000 квадратни метри во Мумбај, Индија, се смета за најскапата приватна резиденција во светот, проценета на повеќе од 4 милијарди долари.

Во сопственост на милијардерот Мукеш Амбани, претседател на компанијата „Релајанс индустрис“, облакодерот „Антилија“ е проектиран да издржи силен земјотрес и е висок 172 метри.

Има многу екстравагантни содржини, вклучувајќи три хелиодроми, кино со 50 седишта и гаража за 168 автомобили.

 

Гаражата на 6 ката има и сопствена бензинска пумпа, како и „снежна соба“ за бегство од горештините, спа-центар, храм, сала за танцување и вертикални градини што ги одржуваат 600 вработени.

Облакодерот е изграден меѓу 2006 и 2010 година за 2 милијарди долари. Заклучно со 2023 година, неговата вредност пораснала на 4,6 милијарди долари.

 

Извор: n1info.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот