X
 11.03.2020 Технологија

Околу 500 додатоци за „Хром“ постојат само за да крадат лични податоци

„Хром“ е најпопуларниот интернет-пребарувач во светот, а една од причините за тоа е и достапноста на додатоците што ја зголемуваат неговата ефикасност. Во продавницата на „Хром“ се достапни речиси 200.000 додатоци, но нивната популарност ги доведува во опасност сите корисници. Сега е лесно да се пренесе опасен код преку додаток, а корисникот да не биде ни свесен за тоа.

„Дуо секјурити“ на „Циско“ и истражувачката Џамила Каја објавиле извештај во кој наведуваат 500 опасни додатоци за „Хром“ кои постојат само за да извлечат информации од корисниците. Во извештајот стои дека додатоците изгледаат како да се легитимни, но по детална анализа се открива дека ги заразуваат пребарувачите на корисниците и собираат податоци кои потоа се користат за поголеми кампањи.



Фото: Pixabay

Истражувачите ги споделиле своите податоци со „Гугл“ и компанијата отстранила над 500 додатоци од својата продавница. Компанијата автоматски ги деактивирала додатоците од пребарувачот на корисниците.

Како да се заштитите?

Реалноста е дека напаѓачите користат напредни методи за да стигнат до информации. Сепак, за да се заштитите, не користете додатоци кои не се од проверен извор. Дури и доколку се од проверена компанија, внимавајте на одобрувањата што ги бара додатокот. Доколку не сте сигурни, подобро е да го немате додатокот отколку да ризикувате.

Извор: Inc.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија