X
 11.04.2018 Технологија

Новата опција на „Ватсап“ би можела да ви направи проблем


Иконче на „Ватсап“ на смартфон
(Фото: Getty images)


„Ватсап“ планира да воведе опција која би можела да засрами многумина.

Новото ажурирање на оваа апликација ќе донесе опција која би можела да ги снима вашите тајни и да ги праќа до вашите пријатели, пишува „Дејли мејл“.

Иако веќе постои функција за снимање гласовни пораки, ажурирањето на оваа опција носи и можност да снимите гласовна порака и без да го „притиснете“ копчето.

Поради тоа, постои можност случајно да го „придвижете заклучениот запис“ и да го испратите до пријателите, без да обрнете внимание на тоа. Водете сметка вашиот телефон да биде заклучен за да ја избегнете можноста од „самоактивирање“.

Корисниците на уреди од „Епл“ веќе ја имаат оваа опција на „Ватсап“, а наскоро би требало да ја добијат и другите мобилни телефони.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија