X
 11.04.2018 Живот

Уништени 31.000 јајца во инспекции пред Велигден

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство пред Велигденските празници спровеле 181 вонредни, засилени контроли во производството, преработката, дистрибуцијата и продажбата на јајца на македонскиот пазар. Притоа, како небезбедни поништени биле над 31 илјада јајца.

Од вкупниот број контроли, најголемиот дел, односно 110 контроли, спроведени биле во малопродажните објекти, а извршени биле и 35 контроли на зелените пазари и 36 на сортирници за јајца.

- Со контролите констатирано е дека дел од операторите со храна извршиле несоодветно класифицирање и означување на јајцата, непоседувале комерцијален документ кој ја следи пратката, во промет пуштиле бојадисани јајца во неодобрен објект за таа намена, а констатирани се и други недоследности од помал обем. Од страна на инспекциските служби издадени се 10 решенија за отстранување на констатираните недоследности, спроведени се 4 едукации и изречени се 4 парични казни – информираат од Агенцијата.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот