X
 18.04.2021 Забава

Традиционален фестивал во Шпанија вклучува борба со јајца и брашно

На секој 28 декември жителите на малиот шпански град Иби организираат фестивал по чие завршување улиците се полни со јајца, брашно и петарди.



Фестивалот, познат како Елс Енфаринатс, е традиција стара 200 години со која се одбележува библиската приказна за кралот Ирод и масакрот на невините. Зборот „елс“ се преведува како „набрашнетите“ на валенсиски јазик и со причина.



Фестивалот се состои од водење лажна борба помеѓу две страни кои претставуваат група граѓани што воведуваат смешни нови закони и група што ја претставува полицијата која воведува мир.



Во фестивалот учествуваат само мажи, кои со часови глумат сцени во градот кои доведуваат до огромна битка во која сите „се борат“ со брашно, јајца и петарди. На крајот од денот, кога ќе заврши битката, жителите го чистат градот.

Автор: Шаена Монтанари
Извор: nationalgeographic.com
Фото: Instagram
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава