X
 11.06.2020 Забава

Најмалиот шах на светот

Еден микроскулптор од Турција ја изработи најмалата табла со фигури за шах во светот. „Таблата“ има размер 0,89 на 0,89 сантиметри.

Некати Коркмаз тврди дека неговата минијатурна творба е двапати помала од онаа што сега го држи Гинисовиот рекорд.

За да го создаде овој шах, му биле потребни шест месеци и шест часа работа на ден под микроскоп. Коркмаз е горд на своето дело, оти, меѓу другото, тоа е и целосно функционално. Но, шахистите ќе треба да имаат микроскоп за да ги видат фигурите…

Турчинот досега дизајнирал над 40 микротворби кои се изложени во неговиот уметнички центар во Кушадаси.

Досегашен рекордер во оваа дисциплина беше Американецот Ара Газаријан со шах од 1,52 на 1,52 сантиметри.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава