X
 28.03.2019 Живот

За 80 години ќе има 28 отсто помалку Македонци

Проекцијата на ОН за бројот на жители што ќе живеат во балканските и источноевропските држави до 2100 година не е ни малку оптимистична.

Земјата со најголемо намалување на населението е Молдавија. Во 2020 година во оваа земја населението ќе се намали за 4.021 жител, додека во 2100 година за 1.856 жители, што значи дека бројот на популацијата ќе се преполови (53,84 отсто). На второ место е Бугарија со 50,52 отсто, а на трето место е Босна и Херцеговина со 48,94 отсто.

Меѓу 30. земји што најмногу ќе доживеат опаѓање на населението се најде и Македонија, на 24. место. Во 2020 година популацијата на Македонија ќе се намали за 2.088 жители, а во 2100 за 1.487 жители. Тоа се околу 28,78 отсто.

Од земјите во регионот население ќе изгуби и Србија, а според проекцијата, во 2100 година ќе има 38,5 отсто помалку жители, Хрватска - 37,2 отсто и Црна Гора - 30,2 отсто.

Најголем пораст на населението се предвидува во африканските држави. Така, се предвидува дека бројот на жители во Нигер во 2100 година ќе биде поголем за 761 отсто и дека ќе порасне од сегашните 24 милиони на 209 милиони.

Сепак, демографите и овие прогнози ги сметаат за оптимистични. Според нивната процена, до овие бројки ќе дојдеме и пред 2100 година поради иселувањето и нискиот природен прираст што нè следи со години.

naselenie
Kликнете за да ја зголемите фотографијата
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот