X
 11.06.2025 Наука

Ново научно откритие за рак на дебелото црево нуди надеж за младите пациенти

Научниците откриле дека клетките на ракот на дебелото црево можат да се трансформираат во клетки на кожата или мускулите, што им овозможува поагресивно да се шират.

Откритието нуди надеж за лекување на зголемените стапки на болеста, особено кај младите луѓе.

Студија спроведена од Центарот за истражување на ракот во Велика Британија, во Шкотска и Универзитетот во Единбург, открила дека критичен чекор кај агресивниот рак на дебелото црево е губењето на оригиналниот идентитет од страна на клетките, процес познат како клеточна пластичност. Истражувачите откриле дека болеста се шири кога клетките на дебелото црево почнуваат да личат на сквамозни клетки, кои формираат кожни или мускулни клетки.

Ракот на дебелото црево е втора најчеста причина за смртни случаи од рак во Велика Британија, одземајќи 16.800 животи годишно, при што стапките на рана појава се зголемуваат кај лица на возраст од 25 до 49 години, особено кај млади жени во Шкотска и Англија.


- Со оглед на тоа што сѐ повеќе и повеќе помлади луѓе добиваат дијагноза рак на дебелото црево, од витално значење е да разбереме како оваа болест расте и се развива. Нашето истражување откри дека еден начин на кој агресивниот рак на дебелото црево може да се шири е преку „промена на обликот“ за да личи на клетките на кожата или мускулот, а не на клетките на ракот на дебелото црево - истакнал д-р Кевин Мјант од Институтот за генетика и рак на Универзитетот во Единбург.

Истражувачите откриле дека губењето на генот „Атрх“ во клетките на ракот на дебелото црево доведува до зголемено ширење на метастатски тумори во црниот дроб, лимфните јазли и дијафрагмата, бидејќи овие клетки го менуваат својот идентитет на дебелото црево за да личат на клетките на кожата или мускулот.

Тие велат дека разбирањето како клетките на ракот на дебелото црево „го менуваат обликот“ е од витално значење за развој на нови третмани за спречување на ширењето на ракот.

Извор: independent.co.uk

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука