X
 06.06.2019 Култура

Им благодариме на авторите на „Чернобил“ што на крајот сепак ни дадоа надеж

Авторите на филмовите и сериите во последно време имаат цел да го вметнат своето его доста тенденциозно во она што го гледаме. Јас сум генијален, мојата приказна е генијална, види, види, еве ликовите се поместени, луди, ќе ставам и дистопија, ќе го убијам главниот лик... Во сета таа поплава на „необичното“ се појавува мрачен, тежок, речиси документарен „Чернобил“ што не го направиле Русите, па автоматски го следат предрасуди.

Сепак, беше доволно да се погледнат првите две епизоди и да се отфрлат сите сомнежи, а по крајот стана очигледно дека светските автори повеќе внимание треба да посветат на реални теми, а можеби и на историјата - сериозно, посветено, точно, со она што како гледач те носи - добро водена приказна. Режисерот Јохан Ренк и сценаристот Крег Мејзин низ „Чернобил“ ги провлекуваат прецизноста и поетиката на Андреј Тарковски, а ниту последната епизода не беше исклучок.

prikazna

Почнува полека со кадри од сонцето над Припјат. Парови седат во паркот, децата играат на игралиштето. Људмила Игњатенко му се насмевнува на сопругот Василиј, кој си игра со децата на соседите. И тогаш се одмотува завршницата што го носи прашањето - дали Валериј Легасов може да ја каже единствената вистина? Кога гледаме дека може, и ако знаеме дека извршил самоубиство, си поставуваме поголемо, филозофско прашање - дали вистината секогаш треба да се каже, без оглед на цената?

Кое предупредување им го испраќа серијата на новите генерации што не биле родени во времето на катастрофата во Чернобил? Тука е фактот дека денес низ светот постојат околу 454 нуклеарни реактори, а 54 се во изградба во 16 земји! Можеби затоа на децата треба да им се пушти „Чернобил“ во училиштата.

Во време на светски националистички авторитаризам ова звучи страшно. Да не ги споменуваме непредвидливите временски промени и сеизмички турбуленции што благодарение на климатските промени стануваат сè пострашни и почести. Не смееме да заборавиме на катастрофата во Фукушима. Некои луѓе, кои си ги жртвувале животите за денес да ја дознаеме вистината, не би сакале да спиеме.

„Чернобил“ им оддава почит на 600.000 луѓе од кои на многумина не им го знаеме името, кои спасиле милион животи. Надежта што ни ја понудија во финалето најдобро ја отсликува сцената со малата гасеница што ползи по Борис Шербина и тој, знаејќи дека наскоро ќе умре, вели: „Ах, колку е убава“. Тоа воедно е и најсилната порака што „Чернобил“ ја испраќа на крајот - среде незамислив ужас, трагедија и пропаѓање, природата секогаш има моќ да се обнови.

Автор: Ивана Стојанов
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура