X
 06.09.2020 Здравје

Сѐ повеќе млади луѓе заболуваат од рак на дебелото црево

Трагичната смрт на актерот Чедвик Боузман, познат по неговата улога во филмот „Црниот партнер“, е потсетник дека карциномите на дебелото црево и ректумот не заминуваат.

Колоректалниот карцимот е трет најчест рак во САД. Оваа година се претпоставува дека од ваков рак ќе заболат над 104.610 нови лица, според Американското здружение за рак. Бројот на случаи постепено се намалува во последните неколку децении, најмногу поради зголемениот број колоноскопии, вели докторот Џералд Вишнер. Сепак, околу половина од Американците што треба да се прегледуваат за рак на дебелото црево не го прават тоа. Секоја година во САД умираат околу 50.000 луѓе од колоректален рак.


Фото: Freepik

Расте бројот на млади лица

Битката на Боузман со ракот на дебелото црево покажува тренд кај помладите Американци. Случаите на рак на дебело црево се зголемиле за 1% на 2,4% годишно од средината на 80-тите години кај лицата на возраст од 20 до 39 години и за 0,5% на 1,3% од средината на 90-тите кај лицата на возраст помеѓу 40 и 54 години. Овие проценти изгледаат мали, ама има сè повеќе показатели дека бројот на млади лица што заболуваат од колоректален карцином расте.

Неодамнешна анализа од канадски истражувачи покажала дека бројот на жени под 50 години што заболеле од колоректален карцином се зголемувал за 4,5% секоја година од 2010 до 2015. За канадските мажи до 50-годишна возраст, бројот на дијагностицирани се зголемувал за речиси 3,5% годишно од 2006 до 2015.


Фото: Freepik

Американското здружение за рак неодамна ги променило упатствата и ги советува возрасните да се тестираат на возраст од 45 наместо 50 години. Според едно истражување, ризикот за некој роден околу 1990 да заболи од рак на дебелото црево е двојно поголем отколку за некој роден во 1950. Рутинските прегледи со колоноскопија им овозможуваат на докторите да откријат карцинозни полипи пред тие да станат опасни.

Многу млади лица не се тестираат бидејќи се здрави, а некои не ги препознаваат симптомите. Докторите препорачуваат и рано тестирање за лицата што имаат роднини со рак на дебело црево. Некои симптоми може да бидат крвавење или промена на столицата, како и болка во пределот на дебелото црево. Овие знаци секогаш не се симптоми на рак на дебело црево и често покажуваат друга состојба, па затоа многу млади лица ги игнорираат. Доколку симптомите се појавуваат редовно, се препорачува тестирање.


Фото: Freepik

Докторите велат дека ракот не напредува преку ноќ, па затоа не треба веднаш да се претпоставува најлошото. Кај младите пациенти симптомите некогаш добиваат погрешна дијагноза. Доколку се случи ова, а проблемите продолжуваат да се враќаат, бидете упорни или побарајте второ мислење.

Доктор Вишнер открива дека со моменталната технологија повеќето колоректални карциноми се откриваат во многу рана фаза и се лекуваат само со операција, па пациентите не треба да поминуваат низ хемотерапија.

Конечно, животниот стил игра улога. Дебелината, недостигот на физичка активност и лошата исхрана ги зголемуваат шансите за заболување од рак на дебелото црево. Потрудете се да останете активни, да јадете храна богата со влакна и да имате здрави навики со кои ќе ја одржувате телесната тежина.

Автор: Џесика Мигала
Извор: rd.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје