X
 11.08.2015 Живот

Дали знаете која е најпопуларната македонска свадба?



Алфонс Боби Фарел, играч, рецитатор и пејач од популарната диско група „Бони М“ во далечната 1981 година станал скопски зет, земајќи ја раката на 18 годишната Јасмина Шабан од Скопје. На денот на венчавката, преку 20.000 скопјани ги поздравиле младоженците. За само два месеци Југославија доживеа две „свадби на деценијата“.

За скопјаните, венчавката на Боби Фарел и нивната сограѓанка Јасмина Шабан, била уште поспектакуларна од онаа која ја приредиле Дијана и принцот Чарлс.


Идилата меѓу Алфонс Боби Фарел и 18 годишната Јасмина Шабан траела околу 4 години. Не помогнале ниту молењето од нејзиното семејство таа да се врати во Виена, во домот на нејзините родители Мизакет и Невзат.

Додека Боби шетал низ Европа со групта „Бони М“, Јасмина трпеливо го чекала во неговата раскошна вила со 13 соби. Така сè до 1 август кога била закажана свадбата во скопскиот хотел „Континентал“.

Сите ги очекувале девојките од групата, меѓутоа атрактивното трио не се појавило. Боби рекол дека девојките биле зафатени со купување на куќа на Флорида.

Циниците велат дека тој бил само марионета во групата, и тоа била главната причина поради нивното отсуство. Како и да е, во Скопје 1981 година, оваа свадба била „хит на летото“.

Неколку дена пред свадбата, Боби со неговиот брат пристигнал во Скопје. Веднаш дал до знаење дека не сака да контактира со новинарите и фоторепортерите. Бил доста вознемирен и нервозен, арогантно изјавувајќи дека му е доста од тоа фотографите да заработуваат милиони од неговите фотографии.

Ниту Јасмина не сакала многу да се слика, иако пред неколку месеци и двајцата им се смешкале на фотоапаратите и на широко ја рекламирале нивната венчавка.

Чичкото на Јасмина  бил менаџерот на забавата. Заедно со нејзините родители се обидувале да ги скријат младоженците од многубројните фанови.

Свадбата започнала во 16 часот, кога Боби во голем црн автомобил отишол по невестата, пред нејзината куќа веќе се собрале преку 200 Роми. Воодушевени го поздравиле Боби, а паднале и првите солзи од неговите обожавателки. Колона на автомобили пристигнала пред матичното, каде што веќе се собрале 8.000 луѓе. Кордонот полицајци едвај успеал да го задржи редот. Салата во матичното личела на сауна. Младенците биле изнервирани од постојаното сликање и разговорот меѓу присутните. Во еден момент Јасмина започнала да плаче, а Боби започнал да вика на цел глас: Доста, доста, доста.

По половина час венчавката, сепак, се случила. Потоа, пред хотелот „Континентал“ 12.000 луѓе со аплауз ги дочекале младенците. Младенците рано ја напуштиле салата - повторно се вратиле во 23.30, седеле со гостите, а потоа ги оставиле и се повлекле во хотелскиот апартман.

Иако имало „чочек“ за Боби, тој не сакал да ги покаже своите танцувачки способности, иако тоа го ветил. И Јасмина не заиграла. И двајцата биле воздржани, а Јасмина нитуеднаш не го извала превезот од лицето.

Немало и многу најавени атракции. Немало телевизиски екипи од Германија и Англија. Ниту телевизија Скопје не го снимала големото случување за кое се зборувало со денови. Сите откажале откако семејството Шабан барало 30 милиони за фотографирањето.

Се зборувало дека венчаницата на Јасмина била од ткаенина купена во Индија, дека на неа ќе има злато и дека само материјалот чинел тогашни 2.000 марки. Но, таа делувала скромно, исто како и секоја венчаница. Свадбата чинела 14 милиони, а биле споменувани цифри од стотици милиони.

Околу 360 гости прилично мирно ја поминале свадбата. Ромите не ја покажаа сета таа атрактивност и темперамент.

Така завршила скопската „свадба на деценијата“, која не ги задоволила оние кои очекувале некаква сензација.

Извор и фото: Yugopapir
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот