X
 18.03.2025 Живот

Експерт открива зошто треба да ги кажувате овие лаги на интервју за работа

Експертот за кариера Изобел Пантон открива дека треба да кажувате одредени лаги на интервју за работа доколку сакате да ја добиете работата.

Таа изјавила дека постојат четири ситуации кога не треба да ја кажувате вистината кога разговарате со потенцијален работодавец. Советува дека ако причината за вашиот отказ од претходната работа е негативна, секогаш треба да лажете за тоа.

- Дури и да е највалидна причина, ако е негативна, тие не сакаат да ја слушнат - истакнала таа.

Изобел тврди дека кандидатите секогаш треба да бидат позитивни, професионални и прогресивни. Наместо да бидете искрени за вашиот „шеф од кошмарите“ или за токсичната атмосфера на вашето претходно работно место, треба да избегнувате да кажувате нешто што може да се сфати како негативно.

Што треба да се каже?


Без оглед на вашата вистинска причина за отказ, Изобел предлага за време на интервју да кажете: „Сакам да ја напуштам мојата сегашна компанија затоа што чувствувам дека ги исцрпив сите можности за раст таму.“


Друга ситуација во која потенцијалниот вработен треба да лаже е кога ќе го прашаат дали оди на интервјуа за работа во други компании.

- Дури и ако е вистина и тоа е вашата „работа од соништата“, немојте да кажете дека тоа е единственото интервју за работа што го имате бидејќи остава впечаток на очај - вели таа.

Бидете внимателни кога се во прашање вашите планови

Таа тврди дека кандидатите треба да го преувеличуваат бројот на интервјуа на кои одат, така што потенцијалниот работодавец да ги гледа како „врвниот талент“ за кој компаниите се натпреваруваат. Изобел додава дека да бидеш сфатен како врвен талент, значи дека поголема е веројатноста да ја добиеш понудата што всушност ја бараш.
Третата ситуација во која кандидатите треба да бидат внимателни со вистината е кога станува збор за нивните планови за иднината.

Не откривајте ги вашите лични проекти

- Ако имате некои големи планови за патување низ Тајланд една година, тие не сакаат да слушнат за тоа. Тоа само им кажува дека ја сакате работата за да можете да платите за патувањето - истакнала таа.

Изобел додава дека четвртата работа се однесува на вашите лични проекти. Повеќето баратели на работа може да претпостават дека нивната амбиција и желба да започнат сопствен бизнис е пожелна за работодавците, но вистината е спротивна.

Изобел цврсто верува дека луѓето што се надеваат дека ќе се вработат треба да молчат за нивните лични деловни проекти.

- Ако во интервју кажете дека вашата плата е почетен капитал за вашиот сопствен бизнис, тие ќе разберат дека работите на тоа во работно време и за викенди и навечер - предупредува таа.

Во оваа ситуација, потенцијалниот работодавец би ја сметал „мотивацијата за работа“ на кандидатот за „слаба до никаква“ и би можел дури да се запраша зошто воопшто сте аплицирале за работата.

Извор: net.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот