Чарли Брукер, генијалниот ум што стои зад култната серија „Црно огледало“, работи на нова детективска серија од четири дела за „Нетфликс“, која моментално е во продукција.
Проектот, кој сè уште нема наслов, е опишан како многу сериозен, неверојатно оригинален крими-трилер во кој изморен детектив од северниот град Бликфорд оди во Лондон со мисија да фати ритуален сериски убиец. Во серијата глумат Пади Консидин, Џорџина Кемпбел и Лена Хедеј.
Брукер ја напиша серијата заедно со Бен Каудел, Џејсон Хејзли, Емер Кени, Даниел Мајер и Џоел Морис. Тој е извршен продуцент заедно со Џесика Роудс и Анабел Џонс, а серијата ја режира Ел Кемпбел.
Брукер неодамна го најави овој проект во интервју за номинациите за „Еми“ за последната сезона на „Црно огледало“.
- Во моментов работам на нешто што сè уште го немаме објавено. Не е „Црно огледало“. Многу е различно, користам сосема друг сет на вештини - изјави тој.
- Работата со „Црно огледало“ е тоа што постои пократка разлика помеѓу создавањето на приказната и реалниот свет кој, за жал, нуди нешто прилично слично - додава тој.
Што се однесува до осмата сезона, тој ги уверува обожавателите дека иднината на „Црно огледало“ на стриминг-платформата останува светла.
- Станува збор за „Црно огледало“, така што иднината изгледа мрачно. Но, мрачно светла - вели тој.
Извор:
Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube