НАСА се согласи да го продолжи летот на американскиот астронаут Франциско Рубио и да го врати на Земјата со руските астронаути Сергеј Прокопјев и Дмитриј Пателин, изјави генералниот директор на руската вселенска агенција „Роскосмос“, Јуриј Борисов.
Во своето обраќање, тој потсети дека претходно било планирано Рубио да се врати на Земјата со „Сојуз МС-22“.
- На состанокот на Советот на главни дизајнери што се одржа вчера во просториите на вселенската компанија „Енергија“, претставниците на НАСА се согласија со заклучоците и ја потврдија подготвеноста да ја дадат потребната поддршка - рече Борисов.
„Роскосмос“ претходно објави дека ќе го лансира вселенското летало „Сојуз МС-23“ на 20 февруари за да донесе дома двајца руски и еден американски астронаут од Меѓународната вселенска станица, откако беше откриено дека минатиот месец во оригиналната капсула истекувала течност за ладење.
Извор:
Nezavisne.com
Фото: Nasa.gov