Ако сте во потрага по работа или размислувате за промена на кариерата, добро е да знаете кои професии се најбарани во моментов.
Според податоците на „Јуроњуз“, најогласувани работни позиции низ ЕУ во 2023 година биле во областите на информатичката и комуникациската технологија (ИКТ), инженерството, производството и здравството. Оваа експериментална статистика на „Евростат“ се заснова на два главни индикатори: бројот на онлајн огласи за работа и стапката на онлајн огласи, која покажува колку вработени работат во тие области.
Голема побарувачка за ИКТ-експерти
Експертите за информатичка и комуникациска технологија се најбараните професионалци, со 871.000 огласи во 2023 година, што претставува 9 отсто од сите објавени работни позиции.
На второ место се софтверските програмери и аналитичари со 515.000 огласи (5,3 отсто), по нив следуваат инженерите со 412.000 огласи (4,3 отсто) и работниците во производство со 385.000 огласи (4 отсто).
Голема побарувачка за возачи
Меѓу специфичните професии, возачите на камиони и автобуси се едни од најбараните, со 136.000 огласи (1,4 отсто). Покрај тоа, објавени се 61.000 огласи за возачи на автомобили, комбиња и мотори.
Побарувачка во угостителството и здравството
Во угостителскиот сектор околу 100.000 огласи биле објавени за готвачи и помошници во подготовка на храна, додека 55.000 огласи биле за оператори на машини за храна.
Во здравството, објавени се:
115.000 огласи за негуватели во здравствени услуги
96.000 огласи за лекари
71.000 огласи за други здравствени работници
60.000 огласи за здравствени техничари
Кои се најбарани вештини?
Најпосакувана вештина во ЕУ е „волјата за учење“, која се појавува во 26,2 отсто од огласите. Следува „работа во тим“ со 21,4 отсто, додека „проактивен пристап“ е на трето место со 12,4 отсто.
Доколку размислувате за нова кариера, овие податоци можат да ви помогнат да се насочите кон области за кои има поголема побарувачка и подобри можности за вработување.
Други професии што се меѓу 10. најбарани во Европа се:
Физички и инженерски техничари – 351.000 огласи (3,6 отсто)
Трговски работници – 312.000 огласи (3,2 отсто)
Работници за транспорт и складилиште – 308.000 огласи (3,2 отсто)
Раководители во продажба, маркетинг и развој – 280.000 огласи (2,9 отсто)
Административни помошници – 262.000 огласи (2,7 отсто)
Финансиски и математички аналитичари – 246.000 огласи (2,5 отсто)
Кои вештини се најбарани?
Најпосакувана вештина во ЕУ е „волјата за учење“, која се појавува во 26,2 отсто од огласите. Следува „работа во тим“ со 21,4 отсто, додека „проактивен пристап“ е на трето место со 12,4 отсто.
Извор:
n1info.hr
Фото: Freepik