Сообраќајната управа на градот Осло, „Рутер“, потпиша голем договор со кинескиот производител на автомобили „Јутонг“. Речиси 300 нови електрични автобуси би се вклучиле во градскиот сообраќај како дел од норвешкиот план кој има цел целиот јавен превоз да биде без штетни емисии до 2030 година.
За Осло, секој нов автобус ветува пониски оперативни трошоци, беспрекорно ажурирање по пат на безжична мрежа и следење на перформансите.
Но, инженерите од „Рутер“ тајно спроведувале тестови за сајбер-безбедност на новите возила. Тие тестови откриле шокантна слабост.
Истражувачите откриле дека на кинеските електрични автобуси може да им се пристапи далечински со сервер стациониран во Кина. Со помош на софтвер производителот би можел теоретски да го исклучи возниот парк. Сето тоа би било можно по пат на далечинска контрола која управува со секој автобус. Согласно ова, се шири паника и низа Данска и Велика Британија.
„Мовија“, јавен превозник во Данска, има 262 електрични кинески автобуси од „Јутонг“. И Велика Британија почна да ги интегрира овие кинески електрични автобуси во својата флота.
Ова откритие покренува загриженост од поголем размер
Па, како Норвешка дошла до ова откритие? „Рутер“ однесе еден од своите нови автобуси во уникатна тест-средина - во напуштен планински рудник. Тестот бил создаден за да одговори на едно прашање - дали може автобусот да биде хакиран од далечина? Експертите за сајбер-безбедност се вратиле со шокантен заклучок. Да, автобусите би можеле да бидат хакирани од далечина.

Ова откритие поттикна пошироки дискусии за безбедноста. Загриженоста главно се фокусира на растечката зависност од технологија произведена и испорачана од Кина.
- Норвешка и Данска нè предупредија дека постојат прекинувачи за двојна намена во електричните автобуси произведени во Кина. Овие прекинувачи ѝ овозможуваат на Кина да ги исклучи автобусите и да предизвика хаос во транспортните системи - предупреди британската пратеничка Алиша Кирнс.
Извор: mreza.bug.hr
Фото: YouTube screenshot