X
 12.03.2019 Наука

Неверојатно едноставен математички трик што можеби не сте го знаеле

Не е лесно да се пресметуваат процентите, меѓутоа, овој едноставен математички трик што се споделува на „Твитер“ ја прави оваа операција неверојатно лесна.

Опишан како „фасцинантен мал животен трик“ од британскиот концептуалистот Бен Стивенс, трикот вклучува едноставна замена на бројките за да го откриете одговорот. Техниката не е нова, но огромната реакција на интернет-корисниците покажува дека многу луѓе не знаеле дека постои.

Како што објаснува Стивенс, ако некогаш треба да пресметате тежок процент, а немате ливче и пенкало или калкулатор, можете да искористите едноставна кратенка - свртете ги бројките.

- На пример, ако треба да откриете 4 отсто од 75, едноставно променете им ги местата на броевите и пресметајте 75 отсто од 4, што е многу полесно - напиша Стивен на својот твитер-профил.

И навистина, ако ги промените местата на бројките и пресметате 75 отсто од 4, добивате 3, а 3 е истиот број кога ќе пресметате 4 отсто од 75.

- 18 отсто од 50 е тешко за пресметување. Но 50 отсто од 18 е лесно, нели? - пишува Стивенс.

Овој основен принцип, кој гласи x% од y = y% oд x, веројатно им е добро познат на милиони луѓе, но за многумина е вистинско откритие.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука