12.03.2019
Економија
Зголемен бројот на милионери-банкари во ЕУ
Речиси 4.860 вработени во банки во Европската Унија во 2017 година заработиле по милион евра, што е зголемување за 5,7 отсто на годишно ниво. Тоа е нагласено во извештај на Европската агенција за надзор на банки.
Станува збор за директори што заработуваат барем милион евра годишно и нивниот број е зголемен за една третина, од 3.427 луѓе во 2010 година на 4.859 во 2017 година.
Речиси три четвртини од тие вработени (73,2 отсто или 3.567 луѓе) живеат во Велика Британија и најголем дел од нив примаат плати во фунти.
Најголем пораст на високи плати во банките има во Норвешка каде што бројот на милионери е повеќе од двојно зголемен – од 12 луѓе во 2016 година на 25 во 2017 година. И во Германија има зголемување – од 253 луѓе на 390 во 2017 година.
Извор: МИА