X
 19.08.2015 Технологија

Колку чини iPhone6 во земјите ширум светот?

Познатиот iPhone може да се купи насекаде низ светот, но тоа не значи дека во секоја држава еднакво ќе го платите.

 

1


Интернет маркетиншката агенција „WebpageFX“ создаде интересен инфографик кој не само што покажува колку чини еден iPhone во некои земји во светот, туку и колкава е разликата во цените, и колку проценти од годишниот приход секое домаќинство од одредена земја треба да издвои за да го купи.

Инфографикот се базира според податоци на Дојче банката, Apple, OECD и Gallup, а се однесува на цената на новиот iPhone 6. Најмалку за овој паметен телефон ќе платат Американците - околу 1.6% од просечниот приход, а највисоката стапка е во Индонезија - дури 39.3% од приходите.

Самата цена на телефонот е најмала во Канада, кадешто за него мора да се издвојат 647 американски долари, малку поевтина од онаа во Америка - 649 американски долари. Најскап е во Бразил - 1.107 долари и Турција, 1.014 американски долари. Тука некаде се наоѓа и нашата земја - во Македонија цената на најновиот iPhone се движи од 1000 до 1100 долари

 

1

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија