X
 12.03.2022 Здравје

Колку кофеин има во кафето и во чајот?

Содржината на кофеин во разните чаеви и кафиња се разликува во зависност од начинот на подготовка, но и од количеството. За да добиете идеја колку кофеин внесувате, еве колкаво е количеството на кофеин во една просечна шолја.

Кафе - 96 милиграми
Кафе со млеко - 86,4 милиграми
Ледено кафе - 74,4 милиграми
Црн чај - 48 милиграми
Зелен чај - 28,8 милиграми
Кафе без кофеин - 0-15 милиграми
Чај од билки - 0 милиграми


Фото: Pixabay

Кафето е добар извор на состојки кои го помагаат когнитивното функционирање и може да го намалат ризикот од губење на помнењето. Кафето добро влијае врз работата на мозокот и црниот дроб, а истражувањата покажуваат дека жените што пијат две или три шолји кафе дневно имаат помалку телесни маснотии отколку оние што ретко пијат кафе.

Чајот, исто така, има здравствени поволности, како намалување на мачнините и ублажување на главоболките и стомачните тегоби. Некои истражувања го поврзуваат зелениот чај со здравиот кардиоваскуларен систем.

Кафето и чајот се богати со антиоксиданси и се добри за метаболизмот.

Извор: Novosti
Насловна фотографија: Pixabay 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје