X
 12.04.2017 Живот

Пет начини на кои ја гушиме интуицијата на децата

Малите деца имаат добро развиена интуиција и во огромен број случаи знаат да разликуваат, на пример, искрена и лажна насмевка. Ова чувство е важно не само бидејќи им помага да препознаат потенцијално опасни лица, туку и затоа што им помага да пораснат во емотивно чувствителни луѓе. Освен тоа, интуицијата е тука да ни покаже и кои работи ни се допаѓаат и прават да се чувствуваме добро.

Задачата на родителите, а и на наставниците е да ги поттикнат децата да веруваат на својот инстинкт во ситуации на опасност, но и среќа, да ги научат дека овие чувства се повредни со помош на логика, која ќе им даде смисла и ќе им помогне да ја донесат најдобрата можна одлука. Ова ќе го постигнете ако ги исфрлите овие 5 начини на однесување кои ја гушат детската интуиција:

1. Омаловажување на стравот кој детето го чувствува

Речениците од типот „ма тоа не е ништо страшно, не треба да се плашиш“ или „ти се голема за да се плашиш од темница“, нема да го смири детето, дури само ќе се создаде препрека помеѓу детето и родителите, бидејќи детето ќе се чувствува несфатени и ќе мисли дека треба да ги крие своите стравови.
Стравот е природно чувство кое не треба да се потиснува бидејќи има одбранбена вредност. Ако го оцениме стравот како нешто негативно, детето ќе се срами од тоа чувство и полека ќе го гуши својот инстинкт. Бидете тука за детето, за тоа да ги дели своите чувства и грижи со вас, па така и ќе ви даде можност за да го научите како да прејде преку нив.

2. Приморување на децата да прегрнуваат и бакнуваат други луѓе

Родителите често знаат да ги тераат своите деца некого да прегрнат или бакнат иако тоа тие не го сакаат. Повеќемината имаат намера децата да ги научат на убаво однесување и љубезност, но тоа е сосема погрешно. Детето има право да одлучи на кој начин ќе го покаже она што го чувствува и тоа пред се, ќе зависи од карактерот на детето и неговата природа.

Детето ваквиот начин на поздравување го доживува потполно поинаку од возрасните, за кои е тоа вообичаен друштвен протокол. За детето прегратката и бакнежот претставуваат љубов. Ако вашето дете не сака некому да се приближи, тоа е сосема во ред. Тоа го слуша својот инстинкт, кој му е потребен за воспоставување односи со други луѓе. Не е неопходно детето да мора да прегрне некого за да биде културно и љубезно, доволно е да го научите да каже „добар ден“ или „до видување“.

3. Учењето дека возрасните се секогаш во право

Родителите ги учат децата дека возрасните треба да се почитуваат и дека возрасните се секогаш во право. Но, тоа може да биде меч со две острици, бидејќи токму возрасните може да го повредат детето.
Да се учи детето дека ако не ги слуша или игнорира возрасните е непочитување, тоа е гушење на неговата интуиција. Така децата се во опасност да доживеат малтретирање од страна на возрасните и да не кажат ништо, мислејќи дека така треба.

Детето треба да се научи дека секое живо битие залужува почит, не само возрасните, туку и децата и животните. Исто така, треба да му се нагласи дека ако нешто му кажува дека постои опасност, детето нема обврска да послуша некого само затоа што е постар и секогаш треба се веднаш да им каже на родителите.

4. Ветување дека секогаш ќе ги штитите

Иако родутелите би сакале да ги заштитат своите деца од било која опасност и да ги избегнат сите проблеми, сепак тоа е невозможна мисија. Ветувањето дека секогаш ќе бидете тука е лажно и може да создаде лажно чувство на сигурност. На тој начин неговата интуиција нема да ја предизвика одговарачката реакција кога тоа е потребно.

Секако, ова не значи дека не треба да го смириме детето кога чувствува страв или треба да го изложиме на непотребни ризици, но наша главна задача како родители не е засекогаш да го штитиме детето, туку да го учиме како да се штити самото себе.

5. Да не се остава слободно време на децата

Често ја губиме способноста да препознаеме што не прави среќни и секој пат „ми се допаѓа“ да го замениме со „морам“.

Исполнувањето на детскиот распоред со активности кои се наметнати од страна на возрасните, без оставање доволно слободно време за игра, значи дека го гушиме нивниот инстинкт и ги подредуваме на општествените конвенции. Ова ќе ги претвори во лица кои не одлучуваат со своето „јас“, туку го прават она што им го кажуваат другите, без да знаат што е тоа што навистина го сакаат и што навистина ги прави среќни.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот