Во античките мориња од прекамбрискиот период (геолошки временски период кој се протега од пред околу 4,6 милијарди години до пред околу 541 милион години), чудни суштества слични на јагули живееле на Земјата. Тие биле конодонти (животни слични на јагули без вилица), кои живееле исчезнале за време на масовното истребување во преминот од тријаска во јура доба.
Иако биле долги само неколку сантиметри, научниците ги сметаат за едни од најуспешните 'рбетници што некогаш живееле. Наместо вилици, нивните усти биле исполнети со десетици ситни структури слични на заби, чии врвови биле неверојатно тенки, само 2 микрометри.
- Изгледа како низа игли што стрчат од забите - изјавил д-р Алистер Еванс од Универзитетот „Монаш“.
Се верува дека видот конодонт, „Wurmiella excavate“, имал остри како жилет структури што ги користел за да го обработува својот плен, со уникатно движење од лево кон десно, за разлика од вообичаеното џвакање нагоре-надолу што го знаеме денес.
Конодонтите се сметаат за првите суштества што развиле заби, а нивните забни структури сè уште го држат рекордот за најостри досега измерени.
Уникатна техника на хранење без вилица
- Сакавме да откриеме како се спојуваат овие деликатни заби и како всушност функционираат при хранење - истакнал Филип Доногју, палеобиолог на Универзитетот во Бристол и коавтор на студијата од 2012 година.
Истражувањето открило дека конодонтите не ја џвакале храната како современите животни. Наместо тоа, тие се потпирале на концентриран притисок на врвот на секој поединечен, екстремно остар заб. Ова има смисла, со оглед на тоа што немале вилици - моќта на гризење била заменета со неверојатна острина со која го прободувале и сечеле својот плен.
- Забите слични на сечило прво го фаќале пленот одзади, потоа се движеле напред и повторно го одделувале - објаснил Доногју.
Научниот тим верува дека конодонтите имале и неверојатна способност - можеле да ги поправат и изострат сопствените истрошени заби. Ова е особина што била изгубена за време на понатамошната еволуција.
Извор: index.hr
Фото: Freepik