X
 18.07.2017 Здравје

Чкрботењето со забите е предупредување за сериозни проблеми

Една хуманитарна организација вели дека родителите и училиштата треба да бидат свесни дека чкрботењето со забите укажува на проблем кај децата, а тоа може да се случи и кај возрасните кога се под притисок или се нервозни.

Тоа може да доведе до главоболка, крив раст на забите и нарушување на сонот, а се чини дека овој проблем е во пораст.

Една студија објавена во списанието „Орална рехабилитација“ покажала дека меѓу оние што чкрботат со забите и имаат нарушен сон се и тинејџери на возраст од 13 до 15 години кои доживеале вербално насилство во училиштето, и нив ги има четири пати повеќе од другите тинејџери.

Такви се 65% од учениците, во споредба со 17% од оние што не се малтретирани или се под стрес, а чкрботат со забите.

„Чкрботењето со забите можеби не звучи како приоритет, но тоа би можело да даде витален увид во состојбата на децата и може да биде знак со кој ќе се идентификува малтретирањето во рана фаза“, вели доктор Нигел Картер од Фондацијата за орална здравствена заштита во Велика Британија.

Тој додава дека луѓето често не се свесни дека го имаат овој проблем.

Стегањето на вилицата и чкрипењето со забите може да доведе до дентални проблеми, како што се осетливи или истрошени заби, испукани заби или губење на истите, како и болки во вилицата. Тоа е околу 40 пати посилно од џвакањето.

Предупредувачки знак е постојаната главоболка или болна вилица кога се будите.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје