X
 12.09.2025 Живот

Работни услови во Европа 2024: Помалку прекувремени часови, но жените сѐ уште се во неповолна положба

Резултатите од водечкото паневропско истражување на организацијата „Јурофаунд“ покажуваат значајни подобрувања во квалитетот на работата во последната деценија, но истовремено истакнуваат големи разлики помеѓу жените и мажите, како и драстично различни услови за работниците во одредени делови на Европа.

Единственото „Истражување за работните услови во Европа 2024“ се заснова на разговори со повеќе од 36.000 работници во 35 земји, а собраните податоци биле измерени преку седум индикатори за квалитет на работата. Првите објавени наоди истакнуваат неколку клучни прашања:

Прекувремената работа станува сè поретка


Уделот на работници што работат повеќе од 48 часа неделно паднал од 19 на 11 отсто од 2005 година. Овој тренд придонел за намалување на родовиот јаз во квалитетот на работното време, па „Индексот на квалитет на работното време“ кај мажите во 2024 година конечно достигнал ниво слично на жените.

Физичкото работно опкружување се подобрило од 2010 година


Работниците пријавуваат и поголеми можности за развој и примена на вештини, при што „Индексот на вештини и дискреција“ бележи најголем напредок меѓу сите домени во кои не се вклучени финансиите. Сепак, под овие позитивни промени постојат длабоки разлики. Додека работното опкружување на мажите се подобрува, жените се соочуваат со поинаква реалност.

Индекс на социјално опкружување


Овој показател го мери квалитетот на социјалните односи на работното место и се влошил за жените од 2010 година, додека кај мажите се подобрил, главно поради поголема изложеност на жените на вербално малтретирање и други негативни социјални однесувања.

Индекс на интензитет на работа

Овој индекс покажува подобрување кај мажите, но влошување кај жените, кои се повеќе застапени во сектори како здравство и образование.

Работата во Европа станува седентарна

Проблем поврзан со различни здравствени состојби, вклучувајќи дебелина, висок крвен притисок и нездрави нивоа на холестерол. Дури 40 отсто од работниците во Европа седат во поголемиот дел од своето работно време, при што жените се позасегнати (42 отсто) од мажите (39 отсто).

Истражувањето укажува на широко распространети нееднаквости во безбедноста на работното место и предвидливоста на заработката. И покрај општото намалување на стравот од губење на работата, родовиот јаз во кариерата сè уште изнесува 6 процентни поени во корист на мажите. Дополнително, 15 отсто од работниците не можат да предвидат колкава заработка ќе имаат во наредните три месеци. Оваа неизвесност особено засега одредени земји - повеќе од една четвртина од работниците во Романија и Грција не знаат колкава заработка ќе имаат во наредните три месеци, што е во остар контраст со релативната сигурност во земји како Австрија и Германија.

Првите наоди од „Истражувањето за работни услови во Европа 2024“ потврдуваат дека квалитетот на работата во Европа генерално се подобрува, но придобивките не се еднакво распределени. Анализата укажува дека тие што носат одлуки мора да гледаат подалеку од општите трендови и да се занимаваат со специфичните ранливости и нееднаквости кои и понатаму го обликуваат работниот живот на многу луѓе.

Извор: bizlife.rs
Фото: Unsplash
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот