X
 15.02.2019 Живот

20 центи за секој километар поминат со велосипед

Бари е првиот италијански град што ќе им плаќа на граѓаните ако одат на работа со велосипед.

Градоначалникот на Бари, Антонио Декаро, планира да го дуплира бројот на велосипеди оваа година и затоа ќе почне пилот-проект кој ќе трае четири месеци, а во чии рамки на граѓаните ќе им се плаќа за да одат и да се враќаат од работа со велосипед.

На оние луѓе што со велосипед ќе одат на работа или на училиште ќе им се плаќаат по 20 центи за секој изминат километар, односно максимално 25 евра месечно, или 125 километри месечно.

За овој проект можат да се пријават до илјада жители на Бари. На нивните велосипеди ќе биде вграден уред  за следење на километрите и врз основа на тоа ќе се пресметуваат месечните исплати.

За обичното возење ќе се плаќа по 0,04 евра за километар.

- Со возење велосипед ќе заработите и пари, тоа нема да е добро само за вашето здравје - истакна градоначалникот.

Градот, исто така, издвои и посебни средства за да им помогне на граѓаните што немаат велосипед да можат да си купат и тоа важи и за вработените и за децата.

Градот со парична помош од 100 евра ќе го помогне и купувањето половен велосипед, 150 евра за купување нов и 250 евра за купување електричен велосипед.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот