Во Словенија од вчера стапи во сила забраната за трајно врзување на кучињата во домаќинствата, соопшти Управата за безбедност на храна, ветеринарство и заштита на растенијата.
Според измените на Законот за заштита на животните од 2023 година, кучињата повеќе не смеат постојано да бидат врзани со синџири или јаже.
Сопствениците сега се должни да обезбедат безбедно и пространо место каде што кучињата ќе можат слободно да се движат, со соодветна заштита од временски услови и со можност да се спречи да избегаат.
За оние што ќе го прекршат законот, предвидени се парични казни од 1.000 до 1.600 евра.
Управата нагласува дека трајното врзување има сериозни последици врз физичкото и психичкото здравје на кучињата и може да предизвика повреди, нарушувања во однесувањето и зголемена чувствителност на екстремни температури.
Сепак, забраната не се однесува на користење поводник при прошетки или движење на јавни места, кога тоа е неопходно за контрола и безбедност.
Извор:
24sedam.rs
Фото: Freepik