X
 12.12.2021 Живот

Статуа-змеј во Русија испушта вистински оган

Од средновековните бајки до неодамнешната серија „Игра на троновите“, змејовите со векови ги фасцинираат луѓето. Многу култури од целиот свет имаат своја интерпретација на ова митско суштество, а во Русија и во украинскиот фолклор тоа е монструозен змеј наречен горинич (што значи „змеј- син на планината“). Всушност, љубителите на фантастиката имаат можност да видат верзија од овој змеј во природна големина во рускиот забавен парк „Кудикина гора“.

1

Сместена во близина на малото село Каменка во регионот Липец, оваа скулптура, висока 14 метри, е направена според описите на ѕверот што личи на змија од руските легенди. Украинскиот уметник Владимир бил ангажиран да ја создаде статуата во 2015 година и му биле потребни две години за да ја оживее својата визија. Завршниот проект има три глави со долги и извртувачки вратови, сите насочени во различни насоки, две крилја и четири нозе. Телото на скулптурата е покриено со сложени детали од лушпи, канџи и заби на змејот, што прави да изгледа уште пореалистична и поимпресивна.

2

Посетителите можат да ѝ се восхитуваат на скулптурата пред да влезат во заградениот дел во паркот. И додека изгледот на змејот е неверојатен сам по себе, вистинскиот настан се случува во 19 часот, секој викенд и секој празник. Во тоа време статуата испушта монструозен крик, а потоа вистински оган и чад од сите глави.

3

4

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот