X
 13.02.2019 Култура

„Два пати мери, еднаш сечи!“ – големи ножици во знак на протест против Годишната програма за култура

„Два пати мери, еднаш сечи. Културата мора внимателно да се крои за да не биде после унаказена, монтирана, лепена и сечена. Културата не може и не смее да биде монета за поткусурување и пеглање на партиските интереси, политикантите и апетитите на поединците – ова се дел од пораките на урбаната герила-акција именувана „Уа, шнајдери“. Огромните ножици поставени на булеварот „Партизански одреди“ се симболичен протест за начинот за распределба на парите во Годишната програма за култура.



•Два пати мери еднаш сечи, културата мора внимателно да се крои за да не биде после унаказена, монтирана лепена и сечена.
•Културата не може и не смее да биде монета за поткусурување и пеглање на партиските интереси, политикантите и апетитите на поединците.
•Концептот „Култура за сите“ не значи дека сите витални чинители на културата во Македонија треба да бидат еднакво незадоволни.
•Недозволиво е организации стари 10 дена да имаат предност над културното наследство старо 10 века.
•Сите присутни во националната стратегија за култура треба да се пресликуваат во годишните програми, а не да се изоставаат.


Издвојуваме

Култура