X
 24.06.2020 Образование

Утре онлајн-дебата на Факултети.мк со седумте кандидати за ректор на УКИМ

Утре со почеток во 20:30 часот, во живо на Факултети.мк, новинарката Катерина Топалова и седумте кандидати за нов ректор ќе одговорат и на прашањето: Каков ректор му треба на УКИМ? 


Ректорските избори на УКИМ во последните неколку месеци се во центарот на вниманието на јавноста. Обвинувања за нерегуларности, за процедурите за избор, а се отвори и прашањето дали ректорските избори треба да се одржуваат во вакви услови...

Факултети.мк организира онлајн-дебата со сите кандидати за нов ректор на УКИМ, со кои ќе се обидеме да дадеме одговор на многу прашања. Утре, со почеток во 20:30 часот, во живо на Факултети.мк, новинарката Катерина Топалова и седумте кандидати за нов ректор ќе одговорат и на прашањето: Каков ректор му треба на УКИМ?

Кандидатите ќе ги презентираат своите идеи за реформи на најстариот универзитет во Македонија, ќе дебатираат за квалитетот на наставата, наставниот кадар, науката, како и за политичките влијанија во високото образование.

Бидете со нас на Факултети. мк или на нашата фејсбук-страница, каде што во живо ќе дебатираме со универзитетските професори: Александар Димитров, Никола Јанкуловски, Вујица Живковиќ, Драги Димитриевски, Петар Атанасов, Јане Ацевски и Коле Василевски, кандидати за ректор на УКИМ.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование