X
 13.02.2024 Здравје

Оваа вежба е најефикасна за губење на тежината

Ако сакате да изгубите неколку килограми, треба да имате солиден фитнес-план. Кога станува збор за губењето на тежината, не се сите вежби еднакви, а наоѓањето на вистинската може да го гарантира вашиот успех.

Што ако ви кажеме дека постои една вежба која се издвојува по нејзината ефикасност во топењето на телесните масти?

Не е тајна дека одржувањето здрава тежина е клучно за целокупното здравје и благосостојба. Истражувањата покажуваат дека управувањето со тежината е поврзано со значително намалување на ризикот од хронични болести, како што се срцеви заболувања, дијабетес и висок крвен притисок.

Покрај здравствените придобивки, одржувањето здрава тежина може да го подобри и вашето ментално здравје. Здравата телесна тежина може да го поддржи доброто ментално здравје преку зајакнување на самодовербата и всадување позитивен начин на размислување.

Според тренерот Тиџеј Ментус, најефективната вежба за слабеење е брзото одење.

- Брзото одење може да се примени речиси секаде, не бара опрема, туку ви требаат само добар пар обувки за пешачење - вели Ментус.

Покрај тоа, при одењето не се врши притисок врз телото, што значи дека можете брзо да закрепнете и да одите на долга прошетка секој ден. Оваа повторливост значи дека ќе согорите повеќе калории во текот на неделата отколку со потешки, поинтензивни вежби кои можете да ги правите само во кратки интервали, а и би требало да паузирате, односно да не ги применувате секојдневно.

Иако вкупниот број потрошени калории за време на одењето може да биде помал отколку на тренинзите со поголем интензитет, брзото одење обезбедува поодржлив пристап за управување со тежината, без дополнително оптоварување на зглобовите и мускулите. Дополнително, има многу истражувања кои го поврзуваат одењето со губење на тежината.

Извор: Klix.ba

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје