X
 13.05.2025 Живот

Необичен потег - зошто „Гугл“ вработи кози наместо луѓе?

Како што климатските промени сè повеќе го погодуваат светот и некои градови се поподложни на природни катастрофи, многу урбани средини се обидуваат да го намалат својот јаглероден отпечаток. Благодарение на овие напори, некои од нив постигнаа и највисоки стапки на долговечност во САД.

За да се постигне тоа, неопходно е и корпорациите да се вклучат во намалување на загадувањето. Токму тоа се случи кога седиштето на „Гугл“ ангажира стотици кози да престојуваат на имотот една недела.

Оттогаш, козите станаа популарна алтернатива на косилките, па сè почесто може да се забележат стада на ридовите низ земјата. Тие помагаат во намалувањето на ризикот од пожари, придонесуваат за справување со загадувањето и ја ѓубрат почвата.

Може да звучи чудно што една технолошка компанија се насочила кон нискотехнолошко решение, но токму тоа го направи оваа милијардерска корпорација во 2009 година.

Седиштето на „Гугл“, познато како „Гуглплекс“, се наоѓа во Маунтин Вју, Калифорнија. Во оваа област, во пролет, по ридовите се појавува густа вегетација. „Гуглплекс“ се простира на површина од 26 хектари, кои во пролет се целосно обраснати поради зимските дождови и пролетното сонце. Компанијата мораше да ја отстрани вегетацијата пред таа да се исуши и да стане потенцијална закана од пожар.

Низ годините, „Гугл“ ангажира луѓе со големи косилки за уредување на површината. Но во 2009 година компанијата се реши за поинаков пристап, па ангажира стадо кози да ја „искосат“ тревата.

Со намера да го намали јаглеродниот отпечаток и да избегне бучава и загадување од косилките, „Гугл“ одлучи да ги замени со кози. Според Дeн Хофман, директор за недвижности и работна средина, козите не само што беа поекономични, туку и помили за гледање.

- Во нашето седиште во Маунтин Вју имаме неколку полиња кои повремено треба да се косат за да се намали ризикот од пожар. Оваа пролет одлучивме наместо да користиме гласни машини што работат на бензин и ја загадуваат околината, да изнајмиме 200 кози од компанијата „Калифорнија грејзинг“ да ја завршат работата наместо нас – изјави тогаш Дeн Хофман.

Извор: Thetravel.com
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот