Каскадерите ѝ пркосат на гравитацијата додека возат околу „бунарот на смртта“, собирајќи пари од возбудените набљудувачи на карневалот во селото Тарнетар, Индија.
Фотографиите се направени од Саураб Сирохија од Гуџарат, Индија, а триесет и осумгодишниот графички дизајнер вели:
- Овие акробации кои ѝ пркосат на смртта често може да се видат на карневали и саеми низ Индија. До 100 луѓе можат да гледаат во исто време, но популарноста опаѓа. Публиката плаќа околу 30 пени за да го гледа шоуто, додека каскадерите често заработуваат и до 50 фунти.
Возачите достигнуваат брзина до 80 километри на час додека се тркаат со автомобили или мотоцикли околу ѕид висок девет метри, при што секое возење трае околу 10 минути. Бестрашните каскадери ги ризикуваат своите животи за да настапат пред публиката собрана околу „ѕидот на смртта“.
- Публиката ги обезбедува парите што изведувачите ги земаат додека поминуваат. Возачите се качуваат до самиот врв на бунарот и ги таргетираат банкнотите со поголема вредност, игнорирајќи ги помалите - додава Сирохија.
Тој објаснува дека тие го започнуваат возењето на дното на конструкцијата, најчесто во спротивна насока од стрелките на часовникот. И се искачуваат по почетната навалена рампа додека не достигнат доволна брзина за хоризонтално возење во однос на подот. За време на настапот, каскадерите често изведуваат други неверојатни трикови, како возење без раце.
- И покрај опасната природа на оваа работа, нема недостиг од оние што сакаат да ја пробаат - вели Сирохија.
Оваа атракција некогаш била присутна на Балканот, но денес речиси е замрена. Проблемот лежи во логистиката на транспортот и подигнувањето на самиот „ѕид“, како и немањето јавен интерес.
Атракцијата ќе остане засекогаш запаметена во песната „Пеколни возачи“ на бендот „Атомско засолниште“. Во една од строфите се зборува за „двајца браќа родени на ѕидот на смртта, да не си поверуваш на сопствените очи. Каде тие брзаат, дали славата ги влече или можеби парите, или пак некоја титулата?“
Извор: forbes.n1info.rs
Фото: Reddit