X
 13.06.2022 Технологија

Како да проверите дали некој се обидува да влезе на вашите профили на „Џимејл“, „Фејсбук“ или „Нетфликс“

На интернет демнат нови измами. Тажната работа е во тоа што веројатно нема да сфатите дека некој се впуштил во вашиот дигитален живот додека не биде предоцна.

Освен вирусите наменети за вашите телефони и е-адреса, тука се и вашите онлајн профили. Еве како да проверите дали ги користат луѓе или уреди што не треба да ги користат.

Проверете што е поврзано со вашиот гугл-профил


- Одете на google.com/devices. Ќе треба да се најавите доколку не сте најавени;
- Ќе видите список со уреди на кои сте моментално најавени или сте биле најавени во последните 28 дена.

Може да го видите истиот уред повеќе пати, и тоа е нормално. Не грижете се ако видите неколку примери на еден оперативен систем или вашиот „ајфон“. Можете да кликнете на секој за да видите во кој прелистувач се користел. Тоа може да е доказ дека некој друг се најавил доколку користите само еден вид прелистувач.

Ако видите уред или локација што изгледа сомнително, кликнете, а потоа изберете „Don't recognize something?“ „Гугл“ ќе го одјави уредот. Потоа треба да ја смените лозинката во случај некој да ја има.

Проверете ги уредите најавени на вашиот фејсбук-профил

Еве како да ги видите уредите најавени на вашиот фејсбук-профил. Најлесно е ова да го направите од профил.

- Најавете се, а потоа кликнете на стрелката надолу во горниот десен агол;
- Кликнете на Settings & privacy > Settings;
- Кликнете на Security and Login.

Ќе видите дел наречен „Where you're logged in“. Ги прикажува двата најнови уреди и нивните приближни локации за најавување. Кликнете на опцијата „See more option“.

Внимателно прегледајте го секој запис и барајте локации на кои никогаш не сте биле или уреди што никогаш не сте ги поседувале.

Ако видите локации и уреди што не ги препознавате, следете ги инструкциите на екранот за да го заштитите профилот на „Фејсбук“, одјавете се од тие уреди и променете ја лозинката.

Кој е логиран на вашиот нетфликс-профил?


Сигурно сте ја споделиле лозинката на оваа стриминг-платформа. Со текот на времето не знаете кој гледа. И тоа може да биде непријатно кога сакате да гледате филм, а немате пристап затоа што гледа друга личност.

Постои опција што ви овозможува да го видите секој најавен уред и да се одјавите од далечина во неколку чекори. Најлесно е да го направите тоа од вашиот компјутер.

profil
Фото: Freepik

- Логирајте се на вашиот нетфликс-профил. Ако имате повеќе профили, изберете го вашиот и за да одите на почетната страница на „Нетфликс“.
- Одете на профилот во горниот десен агол на екранот и изберете „Account“.
- Во делот „Settings“ изберете „Recent device streaming activity“.
- Ќе видите листа со уреди, локации и поврзани IP адреси.

Ако не препознавате некои од нив, можете да се одлогирате.

- Одете на профилната икона и изберете „Account“.
- Во „Settings“ изберете „Sign out of all devices“.
- Потврдете дека сакате да се одлогирате и кликнете „Sign out“.

Извор: Foxnews.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија