X
 13.06.2022 Живот

Стави пофалби на јадица и ќе фатиш будали - Руски поговорки што ќе ве воодушеват

Народните мудрости се најсилни мудрости.

- Не ме фали в очи, не ме куди зад грб.
- Со богата капа нема да ја скриеш сиромаштијата во сопствената глава.
- Ако одиш брзо, ќе се соочиш со неволја, ако одиш бавно, неволјата ќе те стигне тебе.
- Човекот не е љубоморен кога сака, туку кога сака да биде сакан.
- Кој го навредува небото, нема кому да му се моли.
- Солзите за туѓа болка брзо се сушат.
- Човечката злоба секогаш доаѓа од беспомошноста.
- Тајната на човекот не е во тоа да живее, туку зошто живее.
- Висината на културата се одредува според односот кон жената.
- Само солзите во срцето на големата болка знаат, но не и солзите во очите.
- Двајца можат повеќе од еден, но еден може повеќе од десетмина.
- Најдобро патува оној што знае кога треба да се врати.
- Детето е како тесто; како ќе го замесиш, така и ќе порасне.
- Само човекот кој зад себе остава деца никогаш не умира.
- Добриот збор е како пролетен ден.
- Само пријател ќе се согласи со вас, но вистинскиот пријател ќе се расправа.
- Стави пофалби на јадица и ќе фатиш будали.
- Да знаеш многу, значи предвреме да остариш.
- Она што го бараме во младоста, го фрламе во староста.
- Додека парите зборуваат, вистината молчи.
- Сиромаштијата е грев што богатите никогаш не го простуваат.
- Од вашиот труд ќе бидете сити, но не и богати.
- Бидете сигурни дека сте во право, и само тогаш ќе одете напред.
- Долго чека оној што нестрпливо чека.
- Стравот е првиот помошник на непријателот.
- Кога мажот пие, половина куќа гори; кога жената пие, гори цела куќа.
- Богатиот во тепачка се обидува да го спаси лицето, а сиромавиот капутот.

Извор: Stil.kurir.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот